Утрински Весник
Спорт

Коларов е во врска со невенчаната сопруга на починатиот Давиде Астори

Коларов е во врска со невенчаната сопруга на починатиот Давиде Астори

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, членот на милански Интер, Александар Коларов бил фотографиран во прегратката на Франческа Фиорети, невенчаната сопруга на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Италијанските медиуми наголемо пишуваат за новата врска на Коларов, кој во 2019 година се разведе од сопругата Весна со која има две деца (има едно дете и со модната дизајнерка Кристина Мијачевиќ).

Србинот бил фотографиран како се бакнува во центарот на Милано со новата девојка, а неделникот „Chi” фотографијата ја објавил на насловната страница.

Франческа, невенчаната сопруга на Астори, фудбалерот на Фиорентина кој пред три години почина во сон, со него има ќерка.

> Коларов е во врска со невенчаната сопруга на починатиот Давиде Астори <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот