Утрински Весник
Здрав Живот

Кокосовото масло помага при слабеење

Кокосовото масло помага при слабеење

Лос Анџелес, 14 мај 2020 (/) – Покрај вежбањето, исхраната има клучна улога во обидите за слабеење. Во таа смисла, кокосово масло и тоа како може да има позитивен ефект.

Кокосовото масло како додаток во исхраната, е добро за кожата, го намалува нивото на шеќер во крвта и значително придонесува за здравјето. Тоа е богато со витамин Е, антиоксиданти и полифеноли, кои помагаат во регулирањето на хормоните и така, донекаде спречува зголемување на телесната тежина.

Сепак, не секое кокосово масло е исто. Најдобро е тоа што не содржи многу заситени масти оти тие доведуваат до зголемување на нивото на холестерол и се одговорни за зголемување на тежината.

Истражувањата покажаа дека кокосовото масло го забрзува разградувањето на масните киселини, а тоа го забрзува метаболизмот и доведува до поголема енергија. Затоа, тоа е главна состојка во исхраната на спортистите.

Може да се користи на различни начини. Може да се подготви со зеленчукова салата или со кари. Но, не додавајте многу – само една до две лажици. Исто така, може да се додаде капка во чај или кафе.

Кокосовото масло е добро за здравјето, но тоа не значи дека може да го консумирате онолку колку што сакате. Околу 11 отсто од ова масло го чинат заситени масти. Тоа значи дека е доволно да се земат две лажици на ден, што е еднакво на 30 милилитри. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana