Утрински Весник
Магазин

Кои се разликите помеѓу никотинот и катранот?

Кои се разликите помеѓу никотинот и катранот?

Колку навистина се знае за никотинот? Ако прашате неколку луѓе на улица, може да добиете многу различни мислења, од кои поголем дел се заблуди. Но, еве неколку факти.

Многу луѓе претпоставуваат дека никотинот е тој што ја причинува штетата од пушењето. Всушност, другите соединенија во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамините, јаглеродниот моноксид, катранот и бензенот, специфични за процесот на согорување на тутунoт се примарните причини за болестите поврзани со пушењето.

Никотинот е една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. За да можат пушачите да преминат од цигари на алтернативи без чад, овие производи треба да содржат никотин, со цел да ја задоволат потребата за истиот и да бидат прифатливи во поглед на сензорното искуство. Токму затоа компанијата Филип Морис Интернешнал е фокусирана на развој на производи кои при употребата создаваат аеросол, што содржи никотин, но со многу пониски нивоа на штетните материи што се наоѓаат во чадот од цигарите.

Што е никотин, а што катран?

Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите и оние материи кои се создаваат при согорувањето и тоа е научно потврдено, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат заради никотинот, но се разболуваат од катранот.

Терминот катран кај цигарите се користи за опишување на низа супстанци и тоа е најчесто делот од цигарата што ги формира кафеави или жолти дамки на филтерот од цигарите, но и на нашите заби и прсти.

Катранот значајно придонесува за зголемување на ризикот и појава на разни белодробни заболувања. Цигарата содржи над 6,000 различни соединенија, а повеќето од нив се смета дека се наоѓаат токму во катранот. Покрај заболувања на белите дробови, овие токсични соединенија може да предизвикаат и низа на други заболувања – рак, дијабет, срцеви заболувања, импотентност и сл. Катранот всушност не е супстанца, туку израз што се користи за да се опише машински измерената тежина на вкупните честички во чадот од цигарите кога ќе се одземат водата и никотинот.

Токму поради овие разлики, иновациите во тутунската индустрија, предводени од Филип Морис и водечкиот производ во оваа категорија, IQOS кој е достапен на нашиот пазар, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катран, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот.

Дали никотинот е безопасен?

Иако никотинот предизвикува зависност, тој не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето. Никотинот е многу токсичен кога ќе се проголта или се апсорбира во високи дози (далеку над оние кои се испуштаат при пушењето или користењето уреди кои не согоруваат) и може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето и крвниот притисок на едно лице.

Одредени луѓе – вклучувајќи ги и бремените жени или доилки и лица со срцеви заболувања, висок крвен притисок или дијабетес – не би требало да користат производи што содржат никотин. Малолетни лица не треба да користат или да имаат пристап до тутун или производи што содржат никотин.

Бездимните тутунски алтернативи се наменети само за возрасните пушачи и претставуваат подобар избор од продолжување со пушењето. IQOS уредите користат вистински тутун, но во аеросолот има над 90% помалку штетни соединенија, споредено со чадот од цигарите. Бидејќи го елиминира процесот на согорување не испушта чад и нема јаглерод моноксид и катран. Најдобар избор за пушачите, секако, е целосно да се откажат од употреба на тутун и никотин.

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста