Утрински Весник
Македонија

Кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш

Кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 22 јуни 2020 (МИА) – Кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш, откако беше извлечена од пумпа на препумната станица од колекторот за фекални води кон пречистителната станица кај населбата Раклиш, информираат од ЈП „Плаваја“ од Радовиш.

– Тоа беше причината за застојот и тоа кажува колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро, стои во објавата на радовишкото комунално претпријатие.

Оттаму го потсетуваат несовесниот граѓанин дека кожната јакна е во пречистителната станица и не е оштетена и доколку сака, може да ја подигне. рт/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата