Утрински Весник
Спорт

„Кога Јокиќ ќе добие топка може само да се помолиме“

„Кога Јокиќ ќе добие топка може само да се помолиме“

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, во паузата помеѓу првата и втората четвртина во четвртиот меч од серијата со Денвер Нагетс зборуваше за планот како да се задржи најдобриот играч на противникот, Никола Јокиќ.

„Можеме само да се молиме“, рече Кер и дополни.

„Тој е одличен играч. Затоа е важен начинот на кој играме. Тој ќе дојде до својот просек во поени, скокови и асистенции. Не смееме да го фаулираме и да му овозможиме лесни поени од линијата за слободни фрлања”, изјави Кер.

Петтиот натпревар од серијата помеѓу Голден стејт Вориорс и Денвер Нагетс на програмата е во ноќта меѓу среда и четврток, во четири часот наутро по средноевропско време.

> „Кога Јокиќ ќе добие топка може само да се помолиме“ <

Можете да прочитате

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска го освои бронзениот медал

Реал Мадрид со победа од пенал во последната минута