Утрински Весник
Спорт

Ковингтон ги повика американските демонстранти да се воздржат од вандализам

Ковингтон ги повика американските демонстранти да се воздржат од вандализам
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хјустон, 4 јуни 2020 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон, Роберт Ковингтон упати апел за воздржаност на протестите во САД за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.

– Сега минуваме во тешко време. Се собравме да го промениме општеството. Демонстрантите и бунтовниците се различни луѓе. Нема потреба да ги расипуваме нашите области, да се впуштаме во вандализам. Не сакаме да пренесеме таква порака. Само постојаното известување за состојбата ќе донесе промена. Ние мора да размислиме за идната генерација, напиша Ковингтон на социјалните мрежи.

На 25 мај, полицаецот со светла боја на кожата Дерек Човин, го уапси 46-годишниот Флојд во Минеаполис, а потоа го притисна со коленото и го задуши. Флојд почина, што предизвика немири низ цела Америка. Многу познати лица дадоа поддршка на демонстрантите, вклучително и спортисти. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја