Утрински Весник
Македонија

КОВИД-19 ќе го одложи масовниот петочен собир кај манастирот „Св.Богородица Балаклија“ во Делчево

КОВИД-19 ќе го одложи масовниот петочен собир кај манастирот „Св.Богородица Балаклија“ во Делчево

Делчево, 22 април 2020 (МИА) – Поради полицискиот час и мерките за заштита од КОВИД-19, в петок кога православните христијани го одбележуваат празникот Источен Петок Балаклија ќе изостане големиот собир кој беше вообичаен декор за овој ден кај манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“.
Како што информираат свештениците, вообичаениот ручек кој се подготвува по тој повод, претстојниот петок 24 април 2020 година ќе изостане од добро познатите причини.
-По повод празникот Источен Петок Балаклија, овој петок, 24 април 2020 во манастирскиот комплекс во раните утрински часови ќе се одржи богослужба, додека вообичаениот ручек поради полицискиот час ќе изостане. Како свештеници апелираме да се почитуваат мерките за заштита од коронавирус, информираа од делчевското свештенство.
Додаваат дека манастирот ќе биде отворен но сепак доколку верниците решат да присуствуваат, тоа да не биде во групи.
-Верниците ќе можат да ја проследат службата, но на потребната дистанца, ќе можат да си наполнат вода од изворот, но сето тоа да биде согласно препораките без групирања на поголема маса на луѓе, додаваат од свештенството.
Празникот Источен Петок Балаклија се слави првиот петок по Велигден и е посветен на Пресвета Богородица. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње