Утрински Весник
Спорт

КОВИД-19 е минато, Хамилтон ќе се трка во Абу Даби

КОВИД-19 е минато, Хамилтон ќе се трка во Абу Даби

Луис Хамилтон доби зелено светло за учество на последната трка од сезоната, Абу Даби ГП откако имаше негативни тестови на КОВИД-19 во Бахреин и Абу Даби.

Светскиот шампион ја пропушти втората трка во Бахреин минатиот викенд, пропуштајќи трка првпат од дебито на Австралиското ГП во 2007 година, и на негово место беше возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој изненади со својата форма и само поради лошото менување на гумите во боксот му избега победата.

„Луис беше негативен на КОВИД-19 во средата пред комплетирањето на периодот на самоизолација и затоа патуваше во Абу Даби во четвртокот попладне, каде што повторно беше негативен. Ги исполни сите протоколи на ФИА и ќе биде дел од тркачкиот викенд“, се вели во соопштението на Мерцедес.

Ова значи дека Расел ќе се врати во тимот на Вилијамс, а неговата замена Џек Еиткен ќе остане без трка.

> КОВИД-19 е минато, Хамилтон ќе се трка во Абу Даби <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Легендата на светското пливање се бори со депресија

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако