Утрински Весник
Македонија

КОВЗРГ го осуди сквернавењето на христијанските гробишта во Камник

КОВЗРГ го осуди сквернавењето на христијанските гробишта во Камник

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи преку соопштение најостро го осуди вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник.

Од Комисијата изразуваат сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта и го споделуваат немирот и револтот по овој нечовечки акт.

Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи. Изразуваме задоволство од реакцијата на АД Бутел, кое како одговорно правно лице најавува санирање на сите штети врз 62-та гроба на свој трошок, како и од најавата која ја добивме од градоначалникот на Општина Гази Баба дека ќе се преземат работи за поставување на видео надзор кој би превенирал повторување на кривичното дело, стои во соопштението. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ

Шокантно откритие: Институт регистриран во кладилница, откри Јаневска