Утрински Весник
Македонија

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма со која се базира на економските политики, зголемување на стандардот кај граѓани, како и систем во кој само лица со одговорност ќе добијат унапредување. Прашан за кандидатурата на Фросина Ременски, тој не сакаше да коментира и рече дека тоа е потврда за демократските капацитети на СДСМ.

„ Мојот интегритет и работење ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките доколку бидам избран за претседател на СДСМ“, рече Ковачевски на прашањето дали Зоран Заев ќе влијае врз носењето на неговите одлуки доколку победи на партиските избори.

Тој повика и побара поддршка од членовите, но и граѓаните.

„ Согласно роковите ја поднесов програмата, согласно визијата и програмата. ‘Заедно, одговорно и посветено’. Програмата се базира на три столба, социјалдемократска визија, социјалдемократски вредности од кои извираат принципите и резултатите, економски раст односно посветеност кон економските политики и зголемување на стандардот кај граѓаните и трето е фер шанса и јасен систем со одговорности каде најдобрите ја добиваат одговорноста за унапредување на системот. Партијата работи и на унапредување на партиската демократија и организација. Ги повикувам членовите на партиите, но и граѓаните да ја прочитаат програмата, за да видат и за активностите кои ќе бидат преземени. Се со цел СДСМ на следните избори да издвои победа на следните парламентарни и претседателски избори“, посочи Ковачевски.

Прашан за мислење околу кандидатурата на Фросина Ременски, тој рече: „ Toa го потврдува демократскиот капацитет на СДСМ. Секој што ги исполнува критериумите, може да се кандидира. Јас нема да коментирам за другите кандидати, со кои сме другари и другарки. Ќе се посветам на промоција на мојата програма“

Можете да прочитате

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс