Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Честитки и благодарност до пратениците кои гласаа за европска иднина на државата

Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог.

dobivaj vesti na viber

,,Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата. Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.

Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!”, стои во објавата на ФБ профилот на премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин