Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски-Мишел: ЕУ останува на ставот за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија без одлагање

Ковачевски-Мишел: ЕУ останува на ставот за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија без одлагање
300x250 opst2

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за посветеноста на европската иднина на Северна Македонија со неговите лични заложби за отпочнување на пристапните преговори на земјата со ЕУ без одлагање.

Ковачевски на средбата истакна дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на добрососедските односи и европската интеграција.

За време на разговорот, Ковачевски го информираше претседателот на Европскиот Совет Мишел за започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија. Од зачестената комуникација во наредниот период се очекуваат резултати кои ќе го помогнат изготвувањето на патоказот за спроведување на заеднички прифатените проекти за унапредување на довербата и за билатералната соработка со крајна цел да се деблокира постапката за првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот Совет споделија заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се удвојат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на Европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан.

На средбата во Европскиот Совет беше истакната соработката меѓу ЕУ и НАТО за дипломатски одговор и деескалација на кризата во Украина.

Можете да прочитате

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење 

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира