Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ковачевски за летот на рускиот дипломат: Забраната е во сила и останува во сила

300x250 opst2

Забранетиот лет на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше денес да пристигне во дводневна посета на Белград нема поинаков третман од останатите летови на руските авиопревозници, објасни денес премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Пробиштип. Забраната за прелет на руски авиони, Ковачевски рече дека останува.

„ Ние имаме донесено одлука, забрана за прелет на руски авиопревозници преку територијата на нашата држава. Ние сме членка на НАТО што значи дека одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки и ние имаме целосно усогласена надворешна политика со политиката на Европската Унија. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман во однос на одлуката која е веќе донесена која е во сила и која останува во сила“, рече премиерот Ковачевски.

Тоа што Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го забранија летот на неговиот авион, Лавров денес изјави дека е незамисливо, и дека тоа претставува лишување на една суверена држава од нејзините права за остварување на надворешната политика.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ