Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Застанавме со земјите кои имаат целосна демократија во борбата против автократијата

Премиерот, Димитар Ковачевски, на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава истакна дека војната во Украина и нападот на Русија покажал јасна обединетост меѓу ЕУ и државите кои споделуваат исти вредности и кои имаат целосна демократија и кои, заедно со САД и со усогласувањето со политиките на НАТО, ја избрале вистинската страна.

„Во случајот на мојата држава, иако не сме членки на ЕУ, целосно ја усогласивме нашата надворешна политика со политиката на Брисел затоа што тоа е вистинската страна на историјата во борбата со автократијата“, потенцираше Ковачевски.

Премиерот оцени дека историски избор за Северна Македонија е и определбата САД да биде наш стратешки партнер.

„Вчера го започнавме процесот за Стратешки дијалог со што нашите односи се унапредени на ново, значајно ниво и тоа е така 30 години во текот на нашата независност“, рече Ковачевски на панелот на ГлобСек 2022.

Претходно, во однос на евроинтеграциите тој нагласи дека ЕУ треба да испорача европски вредности и да го потисне влијанието на трети страни врз Балканот.

Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка