Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: ЕСМ сака да инвестира во енергија, не се прифатливи опциите и понтаму да менаџираме со Попова Шапка

Ковачевски: ЕСМ сака да инвестира во енергија, не се прифатливи опциите и понтаму да менаџираме со Попова Шапка

Попова Шапка, 26 февруари 2020 (МИА) – Двете можности, Попова Шапка целосно или со приватен партнер да се раководи од страна на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ)  не се прифатливи за компанијата, истакна директорот Васко Ковачевски околу прашањето што ќе се прави со скијачкиот центар откако беше направени физибилити студија за развој.  Фокусот на ЕСМ треба да биде производство на енергија, потенцира директорот.

-Наша препорака како управен одбор до Владата беше капацитетите на Попова Шапка да се дадат на продажба. Во моментот имаме доставено барање до Биро за вештачење да се направи проценка на капацитетите. После таа проценка заедно со Влада ќе донесеме одлука кога и како ќе се спроведе таа процедура, рече Ковачески.

Тој истакна дека интерес на инветситорите е да се купат објектите, односно хотелите. Се уште се размислува кој и како да ги менаџира ски лифтовите.

-Хотелот Попова Шапка и во студијата се кажува дека е во многу лоша состојба, се предлага да биде урнат, за Славија да се инвестира и да биде во функција. Но останува што ќе се прави со ски-лифтовите и другата инфраструктра. Ние имаме размислувања, но тоа ќе се разговара на Влада, сметам дека Попова Шапка ќе добие сериозна инвестиција и ќе биде еден од позначајните центри во регионот. За жичниците треба да се најде решение, истакна Ковачески.

Минситерот Крешник Бектеши потенцира дека  која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.ас/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава