Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Ковачевски: До 2024 година Блок 1 во РЕК Битола ќе стане гасна електрана

фото конф.
300x250 opst2

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ посочи дека компанијата планира до 2024 година да го исклучи првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола, кој работи на јаглен, и да го замени со когенеративна гасна електрана со моќност од 250 мегавати која ќе се користи и за топлификација на Битола, додека другите два блока да се модернизираат и тоа до 2023 година со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година и со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе им се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските стандарди.

Ковачевски потсети дека се планира целосно затворање на ТЕЦ Осломеј и изградба на фотоволтаични електрани на просторот на термоцентралата со инсталирана моќ од 100 мегавати, кој проект веќе се гради на терен, додека планот на државата е претворање на ТЕЦ Неготино (која не е во рамките на АД ЕСМ) во гасна електрана. Што се однесува до ветерните електрани, Ковачевски соопшти дека се зголемува капацитетот на ветерниот парк Богданци, како и планирана инвестиција во ветерен парк во Миравци, додека фотоволтаични (соларни) електрани ќе се градат во близина на сите постоечки производни објекти на АД ЕСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата