Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ги отфрлам обвинувањата на министерот Чулев бидејќи се неосновани

Ковачевски: Ги отфрлам обвинувањата на министерот Чулев бидејќи се неосновани

Битола, 19 јуни 2020 (МИА) – Генералниот директор на АД ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола Васко Ковачевски на прес-конференција во Битола изјави дека ги отфрла обвинувањата упатени до него од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, и ќе поднесе кривична пријава против него.

Изјавата и реакцијата на Ковачевски е предизвикана од министерот Чулев кој за време на денешната посета во СВР-Битола, на прес конференција изјави дека до Основното јавно обвинителство во Битола е поднесено известување за вршена изнуда и барање поткуп во износ од 250.000 евра од фирма која добила тендер во РЕК Битола за ископ на јаловина.

-Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ги отфрлам неговите обвинувања искажани денес во Битола и тие не се точни. Помина времето на МВР-ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа за нив неподобните. Кога министерот Наќе Чулев сака да бара криминал тогаш му препорачувам да се занимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени, и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати. За ваквите неосновани обвинувања и денешната изјава ќе поднесам кривична пријава против него, изјави Ковачевски. мт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор