Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Галовеј: Британија ќе ја поддржи земјата да обезбеди одржлива енергетска независност

Ковачевски – Галовеј: Британија ќе ја поддржи земјата да обезбеди одржлива енергетска независност

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја прими британската амбасадорка Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети.

Како што се наведува во владиното соопштение, премиерот на средбата ја изразил благодарноста на Владата и на граѓаните за традиционалното пријателство со Обединетото Кралство.

Галовеј потврдила дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија.

„Како силен и долгогодишен партнер на Северна Македонија ги поддржуваме нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме заедно за просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Северна Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија“, рекла британската амбасадорка на средбата.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните