Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во Центар Жупа прогласи победа на единствениот кандидат за градоначалник, Аријан Ибраим

Граѓаните во Центар Жупа потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, знаат дека државата треба да оди напред, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, по завршување на вонредните избори за градоначалник на општината, на кои победи единствениот пријавен кандидат на коалицискиот партнер на СДСМ, Турската демократската партија Аријан Ибраим.

dobivaj vesti na viber

„Сите деструктивни сили кои работеа да не успеат изборите се соочија со пораз“, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Центар Жупа.

Услов за успех на денешните избори во Центар Жупа беше одѕив на гласачите од една третина. Според информациите на ДИК, до 18.30 часот во оваа општина на гласање излегле 46,3 отсто.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата