Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски – Ауреску: Сега е моментот за исчекор на Северна Македонија кон ЕУ

Ковачевски – Ауреску: Сега е моментот за исчекор на Северна Македонија кон ЕУ
Img 7972

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Богдан Ауреску, министер за надворешни работи на Романија.

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот било оценето дека сега e моментот за исчекор на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес со најава дека Романија продолжува да се заложува за решение на овој пат.

Ковачевски соопштил дека со бугарскиот премиер Петков имаат принципиелни односи и дека Република Северна Македонија останува посветена на развој на добрососедските односи и на достоинствени решенија за отворените прашања, за двете страни.

Разговарано било и за потребната солидарност и меѓусебна поддршка во надминување на предизвиците од војната во Украина меѓу државите во регионот, како и во рамките на НАТО и ЕУ.

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров