Утрински Весник
Спорт

Клубовите во Ла Лига ќе ги продолжат колективните тренинзи на 1 јуни

Време е за „Ел Класико“

Мадрид, 30 јуни 2020 (МИА) – Екипите од Шпанското фудбалско првенство в понеделник, на 1 јуни, ќе можат да продолжат со колективни тренинзи.

Ла Лига доби дозвола од Министерството за здравство на Шпанија.

На почетокот од овој месец, играчите започнаа со индивидуални тренинзи. Подоцна, на тимовите им беше дозволено да се вклучат во групи од 10 лица.

На 1 јуни ќе стапи на сила последната, четврта фаза од протоколот за обука, кога клубовите можат да започнат со групно тренирање.

Продолжувањето на сезоната во Ла Лига, прекината во март заради пандемијата на коронавирус, е закажана за 11 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто