Утрински Весник
Спорт

Клоп јавно бара евтини стопери откако остана без сите дефанзивци

Клоп јавно бара евтини стопери откако остана без сите дефанзивци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ливерпул синоќа во Лондон, кај Тотенхем ја прекина резултатската криза, славеше со 3-1 во дербито од 20. коло. Сепак „црвените“ платија голема цена.

Ливерпул подолго време игра без стартниот дефанзивен двоец Ван Дајк – Џо Гомез, па играчот од средниот ред Фабињо игра поназад. Но синоќа и него го немаше поради повреда на мускулот.

Како тоа да не беше доволно, па Клоп на полувремето мораше да го замени Жоел Матип кој заработи повреда на зглобот, па наместо него во игра влезе Натаниел Филипс кој сезонава има само 3 настапи. Во второто полувреме покрај него во дефанзива беше и „везњакот“ Џордан Хендерсон.

На Јирген Клоп му е јасно дека со ваква „крпена“ одбрана не може да ја брани англиската, ниту, пак, да ја нападне европската титула. Германецот е присилен на 3 дена пред крајот на преодниот рок да бара дефанзивец за во екипата.

„Неверојатно е што ни се случува во одбраната. Мора да најдеме нов стопер. Ако знаете евтин, а квалитетен пратете ми порака“ изјави Клоп по синоќешниот дуел.

> Клоп јавно бара евтини стопери откако остана без сите дефанзивци <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов