Утрински Весник
Спорт

Клоп: Сакаме Салах да остане во Ливерпул

Клоп: Сакаме Салах да остане во Ливерпул
Dik 300x250 mk

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека дошло до напредок во преговорите помеѓу клубот и најдобриот играч, Мохамед Салах.

Салах, има договор со Ливерпул, до јуни 2023 година. Не одамна тој изјави дека за новиот договор нема никакви мегаломански барања.

„Сакам да останам, но јас не сум тој што одлучува. Се е во нивни раце. Не барам никакви луди работи“, рекол Салах.

Менаџерот, Клоп, на денешната прес конференција, ја коментирал изјавата на Салах.

„Во денешно време опасно е да се даваат интервјуа. Ние знаеме, јас знам што сака Мо. И ние сакаме да остане. Но, за да се реализираат некои работи едноставно е потребно малку време. За сега преговорите одат добро“, истакнал Клоп и дополнил.

„Многу теми има во преговорите. Постои и трета страна, а тоа е менаџерот. Но нема причина да бидеме загрижени, станува збор за една нормална процедура“.

Ливероул, утре, против Арсенал, ќе го одигра првиот полу-финален меч во Лига купот. Салах нема да игра, исто како и Садио Мане. Овие двајца се со своите репрезентации на Африканскиот куп.

> Клоп: Сакаме Салах да остане во Ливерпул <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен