Утрински Весник
Спорт

Клоп пресреќен од потписот со Конате, планира веднаш да е стартер

Клоп пресреќен од потписот со Конате, планира веднаш да е стартер

Ливерпул и официјално го потврдија трансферот на Ибрахима Конате од РБ Лајпциг, откако ја активираа клаузулата од 35 милиони фунти и веднаш му дадоа петгодишен договор.

22-годишниот Французин вели дека е презадоволен од остварениот трансфер.

„Пресреќен сум што се приклучувам на толку голем клуб како Ливерпул. Ова е возбудлив момент за мене и моето семејство и едвај чекам да се приклучам на тимот по Европското првенство У-21 со Франција“, изјави Конате.

Јирген Клоп смета дека тој веднаш ќе се бори за место во првиот тим на „црвените“.

„Одлично е што можеме да додадеме фудбалер од квалитетот на Ибрахима во тимот, фудбалер кој го следам подолго време, кога беше фудбалер на Сошо. По проблемите кои ги имавме со повредите, беше јасно дека мораме да се засилиме на централната позиција. Во Ибрахима имаме фудбалер кој е подготвен да се натпреварува веднаш“, вели Клоп.

> Клоп пресреќен од потписот со Конате, планира веднаш да е стартер <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ