Утрински Весник
Спорт

Клоп повикува на претпазливост, Салцбург посакува сензација во Минхен

Клоп повикува на претпазливост, Салцбург посакува сензација во Минхен

Вечерва ќе бидат познати првите учесници во четврт-финалето, во Лигата на шампионите. Во Ливерпул и Минхен, ќе се одиграат осмина-финалните реванши, Ливерпул-Интер (2:0) и Баерн-Салцбург (1:1).

Ливерпул со голема предност влегува во реваншот со Интер. Пред три недели, Интер доминираа, а откако не успеаја да постигнат гол, казната ги стигна во финишот на натпреварот, кога Хандановиќ го совладаа Фирмино и Салах.

Поучен од тој натпревар, Јирген Клоп, ги предупредува своите играчи дека Интер нема да дојде на „Енфилд“ во туристичка посета, туку дека ќе се обиде да победи. Голем хендикеп за Интер е суспензијата на Николо Барела, кој не играше и во првиот натпревар.

Баерн, во Минхен, се фаворити против Салцбург, но формата во која се наоѓа тимот на Јулијан Нагелсман повикува на претпазливост. Во првиот меч, Салцбург во финишот ја испушти предноста, откако претходно промашија голема шанса за 2:0.

Натпреварите во Ливерпул и Минхен ќе започнат во 21 часот.

> Клоп повикува на претпазливост, Салцбург посакува сензација во Минхен <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина