Утрински Весник
Спорт

Клоп: Откажување на Премиер лигата? Тоа би било неправедно!

Клоп: Мораше да изгубиме во одреден момент

Ливерпул, 18 мај 2020 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека откажувањето на сезоната во Премиер лигата без прогласување на клубот од „Енфилд“ за шампион би било „неправедно“.

Англиската Премиер лига беше суспендирана во март поради пандемијата од коронавирус, а сè уште е неизвесно дали и кога ќе се продолжи. На тимовите им е дозволено да започнат со тренинзи во помали групи од утре (вторник).

Мислењата секако се поделени, но има и такви кои би сакале да ја откажат целата сезона без да се прогласи шампион и тимови кои ќе испаднат од елитата.

Разбирливо, на ова се спротивставува германскиот стручњак на клупата на „црвените“, кој има дури 25 поени предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на девет кола до крајот на Премиер лигата.

– Се шпекулираше дека луѓето сакаат да ја откажат сезоната. Си помислив: „Уф, одигравме 76 отсто од сезоната и сега сакаат да избришат сè. Јас лично би го сметал тоа за многу нечесно, иако тоа не се случи, рече Клоп.

Пред крајот на сезоната, германскиот стручњак практично ја обезбеди првата титула на Ливерпул откако постои Премиер лигата од 1990 година.

– Ние сме лидери на табелата како домаќини, исто така сме лидери при гостувањата. Ова е сезона во која треба да станеме шампиони, додаде Клоп.

Според него, соочувањето со кризата е најважно во моментот, но тоа не значи дека другите работи не се важни само затоа што тие се помалку важни од најважните.

– Мислам дека има полоши работи во животот отколку да не бидеме шампиони. Многу луѓе околу нас имаат големи проблеми. Луѓето умираат, тоа секогаш се случувало, но во овој момент заради вирус кој не го знаеме и за кој не сме подготвени. Не можеме да бидеме подготвени за сè, но мора да реагираме често. Тоа е најголемиот дел од животот, да реагираме на ситуации кои не ги очекуваме, подвлече тренерот на Ливерпул.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност