Утрински Весник
Спорт

Клоп: Ништо не е готово

Раководството на Ливерпул му изрази поддршка на Клоп за ставот да игра со младинци против Шрусбери

Мадрид, 19 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, рече дека е задоволен од играта на неговиот тим и дека во реваншот ќе се решава победникот.

  • Не требаше да се случи, но се случи. Добивме битка како што очекувавме и атмосфера како што очекувавме. Ми се допаднаа многу аспекти на играта. По првото полувреме кое го доби противникот, во второто игравме како на свој стадион. Атлетико се бранеше со сите сили, нивната одбрана беше неверојатна. Имаме реванш на свој терен. Ништо не е готово, изјави Клоп.

Ливерпул кој го брани трофејот во елитното натпреварување, синоќа загуби со 1:0. Реваншот е закажан за 11 март. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот