Утрински Весник
Спорт

Клоп за доаѓањето на Халанд во Сити: Гвардиола добива ‘животно’

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ќе го засили Манчестер Сити во летниот преоден рок. Трансферот е веќе потврден, тој ќе дојде за отштета од 75 милиони евра по две и пол години во Борусија Дортмунд. Халанд за „милионерите“ на 88 натпревари постигна 85 голови и имаше 23 асистенции.

Доаѓањето на Халанд во редовите на во најголемиот ривал на Ливерпул, го коментираше и менаџерот Јирген Клоп.

„Добар играч, но Сити никогаш не бил, ниту ќе биде тим што победува поради еден играч. Веќе знам дека Ерлинг ќе постигне најмногу голови, а тој брзо ќе сфати дека пристигна во лига која е на сосема друго ниво. Тој е вистинско животно. Може да се повреди, но кога е фит… За жал, многу добро засилување за Сити“.

> Клоп за доаѓањето на Халанд во Сити: Гвардиола добива ‘животно’ <

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко