Утрински Весник
Свет

Кличко: Киев е целосно опколен, не можеме да евакуираме цивили

Кличко: Киев е целосно опколен, не можеме да евакуираме цивили

Градоначалникот на Киев и поранешен светски првак во бокс, Виталиј Кличко, во интервју за агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП) рече дека градот сега е целосно опколен од руските сили.

Кличко беше прашан дали има планови за евакуација на цивили доколку руските трупи го окупираат главниот град.

„Не можеме да го направиме тоа бидејќи сите патишта се блокирани“, рече тој. „Во моментот сме опколени“.

И вечерва во Киев се слушаат сирени кои сигнализираат за опасност од воздушни напади.

Во попладневните часови беше објавено дека двете страни се согласиле на преговори, кои, според планираното, треба да се одржат утре (понеделник).

„Се договоривме наша делегација да се сретне со руска делегација на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, без предуслови. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да ги обезбеди сите мерки“, посочи на социјалните мрежи, претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море