Утрински Весник
Свет

Кличко: Едно лице загина, а неколку се повредени во ракетен напад врз Киев

Кличко: Едно лице загина, а неколку се повредени во ракетен напад врз Киев

Во синоќешниот ракетен напад врз Киев загина најмалку едно лице, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Повеќе луѓе се повредени и пренесени во болница, каде лекарите се борат за нивните животи, рече Кличко. Градоначалникот на Киев изјави дека од безбедносни причини нема да ја соопшти локацијата на нападот.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека синоќа со проектил ја погодиле фабриката за оклопни возила во Киев. Нападот беше извршен откако Русија вчера најави дека ќе ги интензивира нападите од долг дострел како одмазда за саботажата и тероризмот извршени од украинската армија.

Нападите се интензивираа по загубата на бродот Москва, кој беше гордост на руската морнарица и за кој Русија тврди дека потонал поради пожарот, отфрлајќи ги украинските тврдења дека бродот бил погоден од ракети.

Можете да прочитате

„Ер Канада“ од вечерва започнува со постепено обновување на летовите по штрајкот на кабинскиот персонал

Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици