Утрински Весник
Спорт

Клиперси пресилни за Дончиќ, Мареј повторно „свиреше“ џез

Клиперси пресилни за Дончиќ, Мареј повторно „свиреше“ џез

Кошаркарите на ЛА Клиперс се пласираа во полу-финалето во Западната конференција. Клиперси во првата рунда ги елиминираа Далас Маверокс со 4:2. Шестиот меч од серијата им припадна на Клиперси со 111:97.

Далас не успеаја да изборат мајсторка против фаворизираните Клиперси, бидејќи во своите редови имаа само еден играч способен да им се спротивстави на Клиперс.

Лука Дончиќ одигра уште еден бролијантен меч и буквално сам го држаше својот тим во игра во првите три четвртини. Дончиќ натпреварот го заврши со 38 поени и девет скока и асистенции. Клиперс ги предводеше Каваи Ленард со 33 поени, 14 скокови и седум асистенции.

ЛА Клиперс противникот во полу-финалето ќе го добијат откако мајсторка ќе одиграат Денвер Нагетс и Јута Џез. Денвер изборија седми меч со победата 119:107.

Повторно незаприлви за Јута беше Џамал Мареј кој и на третиот последовен меч во оваа серија постигна 40+ поени. Мареј на Јута им испорача 50 поени, на кои придодаде пет скока и шест асистенции.

Најблиску до него беше Никола Јокиќ со 24 поени, честити скока и девет асистенции.

Кај Јута Донован Мичел постигна 44 поени (девет тројки), Мајкл Конли уфрли 21 кош.

Мајсторката би требало да се игра во ноќта помеѓу вторник и среда.



> Клиперси пресилни за Дончиќ, Мареј повторно „свиреше“ џез <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал