Утрински Весник
Македонија

Клиничка болница Тетово: Имаме доволно медицински персонал, граѓаните да помогнат со останување дома

Клиничка болница Тетово: Имаме доволно медицински персонал, граѓаните да помогнат со останување дома

Тетово, 7 април 2020 (МИА) – Клиничката болница во Тетово има доволно лекари и друг вид медицинска лица за надминување на сите предизвици што ги носи справувањето со коронавирусот, порачуваат од најголемата тетовска здравствена установа по повод Светскиот ден на здравјето. Од граѓаните бараат да помогнат со тоа што ќе останат дома и така ќе спречат ширење на болеста.

-Ви посакуваме добро здравје, чувајте се од инфекција и помогнете заедно да победиме во оваа борба, бидејќи имаме доволно медицински капацитети, обучен здравствен персонал и ресурси за да испаднеме победници на крајот на оваа борба. Ве молиме останете дома во здравје, среќа и бериќет да ги дочекаме претстојните верски празници, се вели во соопштението на јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово.

Светскиот ден на здравјето, како што се посочува, целиот свет се прославува во тага и жалост, заради многуте изгубени животи и луѓе хоспитализирани со Ковид-19.

-Нашата држава веќе шеста недела се соочува со овој предизвик и сите здравствени капацитети и медицинскиот аспект се вклучени во спречување на ширењето на оваа болест во државата. Исто така изразуваме голема благодарност на здравствените институции кои дават голем придонест во оваа борба, меѓутоа без вас, наши сограѓани, нема да успееме да го разрешиме овој проблем додека немаме подршка од вас. Затоа ве замолуваме вие, да бидеме херои и да останете дома, велат од Клиничка болница Тетово. ас/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер