Утрински Весник
Македонија

Клиниката за ТОАРИЛУЦ доби донација – апарат за вентилација при транспорт на пациенти со Ковид-19

Клиниката за ТОАРИЛУЦ доби донација – апарат за вентилација при транспорт на пациенти со Ковид-19

Кавадарци, 22 јуни 2020 (МИА) – Медицинска опрема во вредност од 10.000 евра доби Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Станува збор за донација од кавадаречката компанија „Кожувчанка” ДОО, која опфаќа апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany, со кој се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.

Од компанијата нагласија дека апаратот, кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или меѓу клиниките поради различните испитувања на
пациентите кои се заболени од Ковид-19.

– „Кожувчанка“ ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија. Особено радува тоа што овој вид донација, врз основа на укажувањата на Клиниката, е од особена важност во настанатата состојба со Ковид-19, додадоа од компанијата. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, за СДС и ДУИ било важно само да тендерираат

Пороен дожд, грмежи и ветер во гостиварскиот регион, невремето доаѓа во Скопје

Министерството за внатрешни со детали за исчезнувањето на 14-годишната Клара