Утрински Весник
Македонија

Клиниката за радиотерапија и онкологија функционира непречено и во услови на Ковид-19

Хронично болните за терапија да одат кај матичен лекар, кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на COVID-19, поради специфичноста на малигните заболувања.

Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман. Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот.

Во услови на Ковид-19 советуваат пациентите да носат маска и ракавици при влез во просториите на клиниката, а доколку немаат маска и ракавици тие ќе им бидат обезбедени од страна на клиниката. Доколку имаат покачена телесна температура, треска и тешкотии при дишењето да не доаѓаат на закажаната контрола, хемотерапија или зрачна терапија на клиниката, туку да се јават кај својот матичен лекар и да го известат за својата состојба.

Пациентите додека престојуваат во чекалните треба да држат дистанца од најмалку 1,5 метар од другите пациенти кои се во чекалната.Пациентите и нивната придружба да не влегуваат во просториите на клиниката без да бидат повикани. Воедно, да го известат медицинскиот персонал кој е непосредно вклучен во давање на онколошката нега доколку имаат познат случај во нивната непосредна близина кој е позитивен на КОВИД-19.

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потсетува и дека обезбедува психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања.

За таа цел на располагање се телефонските броеви:

– Доктор од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, во периодот од 10:00 до 12:00 часот на телефон 078/364-629

-Претседателка на комора на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска од 12:00 до 17:00 часот на телефон 070/233-453

-Психолог Александра Стефановска од 15:00 до 18:00 часот на телефон 071/218-050

-Психолог Елена Ѓорѓевска од 17:00 до 20:00 часот, на телефон 078/494-973.лв/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара