Утрински Весник
Спорт

Клаузулата истече, но приказната околу Лаутаро Мартинез не е завршена

Клаузулата истече, но приказната околу Лаутаро Мартинез не е завршена

Иако клаузулата е истечена, се чини приказната за судбината на аргентинскиот фудбалски ас, Лаутаро Мартинез не е завршена.

Барселона не планира, а и нема, да плати за него 111 милиони евра, а без уфрлување некој играч во зделката, јасно е дека е невозможна мисија.

Интер е расположен да го продаде Лаутаро, а „Газета“ пишува дека е договорено во август да се „отворат картите“.

Клубовите сега не сакаат да се занимаваат со таа проблематика затоа што Барса е во борба со Реал за титулата во Ла лига, во игра е и во ЛШ, додека Интер се уште има теоретски шанси за Скудетото, додека е во игра и за титулата во ЛЕ.

Интер бара 90 милиони евра за Аргентинецот и Жуниор Фирпо од „Ноу Камп“ да се пресели на „Меаца“. Барса, пак, би платила максимум 70 милиони евра. Се споменува и Артуро Видал како опција за трампата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига