Утрински Весник
Македонија

„Класје на добрината“ најавува помош во медицинска опрема за Градската болница во Кичево

„Класје на добрината“ најавува помош во медицинска опрема за Градската болница во Кичево

Кичево, 28 април 2020 (МИА) – Хуманитарната организација „Класје на добрината“ огранок Кичево најави дека по првомајските празници ќе донира медицинска опрема за Градската болница во Кичево.

-Како и во многу други проекти, и овој пат „Класје на добрината“ преку донација ќе помогне со разни медицински материјали, за кичевската здравствена институција за да продолжи со што поефикасна работа и да ги воздигне стандардите и условите во кои се лекуваат пациентите, изјави преседателот на огранокот во Кичево, Мухамед Мехмеди и додаде дека организацијата продолжува да се бори за потребите на општеството, и секогаш да биде покрај оние на кои им е најпотребна помошта.

Тој прецизира дека е предвидено за Болницата да се набави едно ново амбулантно возило  со сета најсовремена вградена медицинска апаратура, потоа околу стотина болнички кревети со се наткасни, разноразни апарати, како и чаршафи и болнички перничиња.

-Фирмата која ќе се нафати преку веќе објавената јавна набавка да ги набави, треба понудите да ги достави до 1 мај до нашата канцеларијата за набавки, посочи Мехмеди.

Оваа хуманитарна помош се реализира заедно со централата на „Класје на добрината“ во Скопје, од каде се обезбедени средствата за оваа донација. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина