Утрински Весник
Македонија

„Класје на добрината” доделува инвалидски колички за лица со посебни потреби во Кичево

„Класје на добрината” доделува инвалидски колички за лица со посебни потреби во Кичево

Кичево,13 февруари 2020 (МИА) – Хуманитарната организација „Класје на добрината” ќе почнат со распределување на инвалидски колички за лица со посебни потреби во Кичево.

Количките се донација од кичевчани, но и други хумани луѓе кои работат во градот Регенсдорф од Швајцарија, од каде пристигнале 21, за помош на лицата на кои им се потребни.

– Носевме колички за здравствените амбуланти во Зајас и во Осломеј, додека пак другите инвалидски колички ќе се донираат на луѓе кои се со посебни потреби, а немале можност да ги набават и истите се обратиле до нашите простории во Кичево. Ние и во наредните денови ќе продолжиме со распределба на количките, се додека не ги потрошиме сите пристигнати количини до нашата хуманитарна организација, истакна Мухамед Мехмеди од „Класен на добрината” во Кичево .

Тој изрази благодарност до сите донатори кои помогнале во донирањето на овие помошни помагала за лицата со посебни потреби.рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Ревизијата покажа дека во Охрид има 4.847 дивоградби кои власта не ги урива

Син го нападнал својот татко во домот

Трајановски: За власта судството е маша за заплашување и притисок врз опозицијата