Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс ќе глуми и продуцира филм и аниме серија за „Нетфликс“

Кијану Ривс ќе глуми и продуцира филм и аниме серија за „Нетфликс“

Холивудската ѕвезда Кијану Ривс го носи својот нов серијал стрипови Brzrkr („Берзеркер“) во „Нетфликс“, со филм и аниме серија кои во моментов се во процес на развој.

Ривс, заедно со графичкиот романописец Мет Кинт го напиша серијалот стрипови, а првиот број од лимитираните 12 изданија беше објавен на 3 март од издавачката куќа „Бум! Студиос“.

Актерот (56) ќе глуми во филмот и воедно ќе биде и извршен продуцент, според соопштението за печатот на „Нетфликс“. Аниме серијата треба да го следи филмот.

Ривс вели дека отсекогаш бил љубител на стрипови.

Тој минатата година се здружи со најпродаваниот графички романописец на „Њујорк тајмс“, Мет Кинт за да пишува стрипови. Станува збор за 12 изданија на BRZRKR, стрип во кој станува збор за полубог кој скита по земјата барајќи одговори за своето постоење.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив