Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Кијану Ривс ги почести пријателите и тимот со платено патување за премиерата на новиот „Матрикс“

Кијану Ривс ги почести пријателите и тимот со платено патување за премиерата на новиот „Матрикс“
Img 7972

Познато е дека Кијану Ривс е една од најдарежливите и најскромните ѕвезди во Холивуд.

57-годишниот канадски актер уште еднаш ја покажа својата великодушност кога тивко и без помпа ги почести своите пријатели, членовите на тимот и соработниците со платено патување на премиерата на „Матрикс: Воскреснувања“ во Сан Франциско минатиот месец.

Иако никому не се пофали дека ќе ги плати сите трошоци на поканетите, таблоидите дознале за убавиот гест.

Запрашан од „Холивуд репортер“ за патувањето, Кијану, со својата препознатлива скромност, рече: „Да, прекрасно е да можеме да ги споделиме нашите искуства и заеднички живот.“

Актерот роден во Либан, кој ретко зборува за неговите несебични гестови, не елаборираше дополнително на темата.

Сепак, Чед Стахелски, кој го запозна Киану кога тој беше негов каскадер во трилогијата „Матрикс“, а потоа му беше и режисер во „Џон Вик“ од 2014 година, го потврди великодушниот чин.

„Не донесе цела гомила овде“, изјави Чед за THR на премиерата во театарот Кастро.

„Тој е неверојатно дарежлив. Во публиката вечерва ќе има толку многу луѓе кои му помогнаа, од неговите тренери за боречки вештини до тренери за џиу-џицу, тие што му правеа косата и го шминкаа, до неговиот тим каскадери,“ додаде Чед.

„Тој сака неговите пријатели и семејството да се тука. Тој човек е епски.“

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време