Утрински Весник
Економија

Кишида: Јапонија постепено го укинува увозот на руска нафта

Dik 300x250 mk

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека Јапонија полека го намалува увозот на руска нафта, во знак на единство во напорите на Групата седум светски индустриски сили против руската инвазија на Украина, пренесува Дневен аваз.

Лидерите на земјите-членки на Г-7 одржаа онлајн состанок во неделата и ја објавија својата посветеност на напорите за постепено укинување на увозот на руска нафта, поради притисокот врз Москва да ја прекине својата агресија против Украина.

– Тоа е исклучително тешка одлука за земја која главно се потпира на увоз на енергија, вклучително и нафта. Сепак, единството во Г-7 е најважно во моментов – изјави Кишида за новинарите во понеделникот.

Кишида рече дека укинувањето на увозот на руска нафта ќе биде постепен и бавен процес, а неговата временска рамка ќе биде решена подоцна, бидејќи таквиот процес бара потрага по алтернативни извори на енергија.

Околу четири отсто од увозот на нафта во Јапонија доаѓа од Русија. Јапонија, исто така, најави планови за постепено укинување на рускиот увоз на јаглен.

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14