Утрински Весник
Македонија

Киччеч учствувал во сообраќајната несреќа пред Стража, користел 30-дневно отсуство од затвор

Апелација му ја потврди тригодишната затворска казна на Кичеец за „Рекет“

Зоран Милески – Кичеец, кој издржува затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга, е еден од учесниците во сообаќајната несреќа пред Стража, во која загина едно лице, а седум се повредени.

Од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30-дневно отсуство од затвор.

„Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30-дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 8 август до 8 септември“, се вели во одговорот од Управата.

Милески е осуден на три години затвор, откако го призна делото за случајот „Рекет.

Можете да прочитате

Дождот ја уништи надежта за жетва на оризот во кочанско, во нивите не се влегува

Битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти