Утрински Весник
Македонија

Кичевци примерни за време на полицискиот час

Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час, шестмина се во самоизолација

Кичево, 3 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, односно во Кичево во целост се почитувало забраната за движење.

Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, вкупниот број на лицата во самоизолација, изнесува 63 лица од кои пет во Кичево.

Полициските службеници извршиле 94 контроли на угостителски и други објекти. рз/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доставени осум случаи до Интерната комисија, побаран надзор и од Лекарската комора, истакна Алиу

Петровска: АНБ лажат, законот јасно кажува дека тие ги декласифицираат документите

Грчките спасувачи трагаа по Македонка во морските води, капачката била пронајдена жива и здрава на копно