Утрински Весник
Македонија

Кичевското Муфтиство најави отворање на џамиите, заштитни мерки за време на верските обреди

Кичевското Муфтиство најави отворање на џамиите, заштитни мерки за време на верските обреди
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево,11 мај 2020 (МИА) – Кичевското Муфтиство по повод најавеното утрешно отворање на џамиите информира дека ги преземале сите неопходни мерки за заштита на здравјето на луѓето и за спречување на ширењето на Ковид-19.

Ќамил Рушити, секретар на Муфтиството во Кичево истакна дека пред утрешното отворање сите џамии веќе неколку пати се дезинфицирани и донеле неколку мерки за заштита.

–  Пред утрешното отворање на џамиите ги преземавме сите неопходни мерки: дезинфицирани се џамиите, носењето маски е задолжително, чистење на рацете со средство за дезинфекција пред влезот на џамиите или носење раквици. Исто така, секој верник треба да има лично сежда со себе. Толку колку што е можно да се користат дворовите од џамиите за молитва, да се одржи физичката дистанца колку што е можно повеќе. Забрането е да се соберат во групи пред или по молитвите во просториите на џамијата, верските предавања да не бидат подолги од 10 минути, абдесот (миење на раце, нозе и образ) треба да се изврши дома, просторијата за абдес ќе биде затворена, максимално за да се избегнат поздравувањата со физички контакти, објасни Рушити. рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче