Утрински Весник
Македонија

Кичево со нова хоризонтална сообраќајна сигнализација

Кичево со нова хоризонтална сообраќајна сигнализација

Кичево, 20 април 2020 (МИА) – Во Кичево интензивно се работи на поставување нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на сите главни улици во градското подрачје.

Хоризонталната сигнализација ја поставува Ј.К.П. „Комуналец“ од Кичево, а приоритет е обележувањето на улиците кои се најфрекфентни во градот.

– Активностите за обележување на улиците со бели линии, покрај секојдневното дезинфекцирање што го вршиме, ќе продолжуваат непрекинато со цел да се постави нова сигнализација на сите главни патни правци, ние работевме и за време на викендот го искористивме моментот кога фактички улиците се празни поради полицискиот час ,вели директорот на ЈКП „Комуналец“ Зенел Јонузи.

Тој објаснува дека поставувањето на хоризонталната собраќајна сигнализација се финансира од општина Кичево. рз/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата