Утрински Весник
Македонија

Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти, безбеден и сигурен за сите граѓани

Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти, безбеден и сигурен за сите граѓани

Скопје, 29 февруари 2020

Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец. Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе не може нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот.

Но ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост. Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и  со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.

Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.

Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас.

Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта

Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари