Утрински Весник
Македонија

Кисела Вода објави Повик за понуди за реконструкција на улица во село Усје

Кисела Вода објави Повик за понуди за реконструкција на улица во село Усје

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода објави Повик за поднесување на понуди за реконструкција (рехабилитација) на коловозната конструкција на улицата „1“, фаза 2 во селото Усје.

Како што наведува во денешното соопштение, Општината ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на улицата „1 и фаза 2“. Комплетната тендерска документација на македонски јазик понудувачите, по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 денари, може да ја купат по поднесување на писмена апликација во Општината, на улица „Петар Делјан“ бр.17 или на e-mail: javninabavki@kiselavoda.gov.mk.

– Понудите мора да се доставуваат на ул. „Петар Делјан“ бр.17, 1000 Скопје, до 20.07.2020 година до 10:00 часот. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично во просториите на Општина Кисела Вода. Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција од 550,000.00 денари, наведува општината.

Заинтересираните подобни понудувачи, секој работен ден, во временскиот период од 08:00 до 16:00 часот може да добијат дополнителни информации на: електронска адреса javninabavki@kiselavoda.gov.mk, телефон 02/2785-417, факс 02/2785-417, или директно во просториите на Општина Кисела Вода.

Општинските власти наведуваат дека процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од заеми од ИБОР и ИДА Кредити, од јануари 2011 година, и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење