Утрински Весник
Свет

Кипар го затвори воздушниот простор за летови од Белорусија

(Видео) Таткото на уапсениот белоруски новинар: Го натераа да признае дека е виновен, скршен му е носот

Кипар го затвори својот воздушен простор за летови од Белорусија, придружувајќи им се на другите членки на ЕУ кои воведоа такви ограничувања, откако белоруските власти извршија принудно слетување на патнички авион во Минск на 23 мај и го уапсија новинарот Роман Протасевич, кој беше во него.

Кипарските воздухопловни власти забранија авиокомпании регистрирани во Белорусија да го користат кипарскиот воздушен простор и аеродромите од 28 мај, изјави денеска портпаролот на Министерството за транспорт.

На авиокомпаниите регистрирани на Кипар им е забрането и влегување во белорускиот воздушен простор или летање од и кон Белорусија.

Сите летови кон Белорусија се прекинати. Ограничувањата се применуваат во случај на хуманитарна или медицинска потреба, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара

САД започнуваат со депортација на Украинци

Шпанскиот премиер најави воведување вонредна состојба во подрачјата погодени од пожарите