Пари Сен-Жермен и Челси ги оправдаа фаворитските улоги стигнувајќи до гостински победи во второто коло од Лигата на шампионите. Челси со 4:0 триумфираше кај дебитантот во ЛШ, рускиот Краснодар, додека Пари Сен-Жермен благодарение на двата гола на Моисе Кин стигна до 0:2 победа над турскиот шампион Башашехир.
Италијанскиот напаѓач Кин, откако постигна два гола и во саботниот меч од Лига 1, беше главната ѕвезда на ПСЖ за победата во Истанбул, стрелајќи во 64. и 79. минута, за ПСЖ да се врати по незгодниот домашен пораз од Манчестер јунајтед во првото коло.
Челси во Краснодар започна со утнат пенал во 14. минута преку Жоргињо, но Калам Хадсон-Одои во 37. минута стрелаше за 1:0. Тимо Вернер во 76. минута, повторно од пенал, зголеми на 2:0, пред до крајот на мечот својот прв гол за Челси да го постигне Хаким Зијеш (79. минута), а конечните 4:0 ги постави Кристијан Пулишиќ во 90-тата минута.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО
ГРУПА Е
Краснодар – Челси 0:4
Севилја – Рен 21.00 ч.
ГРУПА Х
Башакшехир – Пари Сен-Жермен 0:2
Манчестер јунајтед – РБ Лајпциг 21.00 ч.
> Кин пак двоен стрелец за ПСЖ, Челси со лесно гостување во Русија <