Кинески милијардер кој го критикуваше претседателот Кси Џинпинг за неговиот начин на борба против коронавирусот е осуден на 18 години затвор за корупција, пишува „Си-ен-ен“.
Рен Џикјанг (69), кој стана познат по тоа што зборуваше за цензура и други чувствителни теми, исчезна од јавноста во март откако објави есеј на интернет, обвинувајќи го Кси за лошо справување со епидемијата што започна во декември во градот Вухан.
Судот во Пекинг го прогласи Рен за виновен по повеќе обвиненија, вклучително и проневера на 16,3 милиони долари на некои јавни средства, примање мито и злоупотреба на службената положба со што и нанел штета на државата од 17,2 милиони американски долари – тој поседувал компанија за недвижнини на чие чело некогаш бил.
Судиите го осудија на 18 години затвор и му изрекоа парична казна од 620 000 долари.
Судот соопшти дека тој доброволно ги признал сите свои злосторства.