Утрински Весник
Свет

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град во провинцијата Хубеј каде најпрво беше детектиран.

Сите достапни докази сугерираат дека вирусот, кој досега зарази повеќе од 59 милиони луѓе во 190 земји не потекнува од Вухан, тврдат кинески експерти цитирани од „Пиполс дејли“.

„Вирусот најпрво беше откриен во Вухан, но не потекнува од таму“, ркол Зенг Гуанг, поранешен главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на онлајн конференција одржана 19 ноември, пренесува весникот.

Ву Зунју, главниот епидемиолог на кинескиот ЦДЦ, неодамна ја даде истата проценка, тврдејќи дека патогенот пристигнал во Кина преку пакувањата на замрзната морска храна или месо, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Според италијанско истражување објавено претходно, антитела специфични за САРС-КоВ-2 се пронајдени во примероци од крв земени од септември 2019 година до март 2020, пишува „Пиполс дејли“ со цел да ги поткрепи ваквите тврдења.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници